Трансфер на студенти
Соопштение за АПСОЛВЕНТИТЕ
Се известуваат АПСОЛВЕНТИТЕ на ПВУ МСИ "Г.Р.Державин" дека во периодот од 23.01. до 23.02.2012 додина во просториите на ФОТО СТУДИО КИСС во Свети Николе (за апсолвентите во одделение Свети Николе) се организира фотографирање за апсолвентско табло. За апсолвентите од одделение Битола фотографирањето ќе се одржи на 23 и 24.02.2012 година, во просториите на ПВУ МСИ одделение Битола. За фотографирањето се плаќа 500 денари на денот на фотографирањето, а во цената влегуваат 14 фотографии од различен формат.
СООПШТЕНИЕ
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ НА ПВУ МСИ "Г.Р.ДЕРЖАВИН" ДЕКА ОД ДЕНЕС, ПА ВО ИДНИНА, СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ПРЕДАВАЊАТА И ИСПИТИТЕ, СТУДЕНТИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ СЛЕДАТ ВО МЕНИТО "ОГЛАСНА ТАБЛА", ОДНОСНО ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ НЕМА ПОВЕЌЕ ДА БИДАТ ОБЈАВУВАНИ НА ПОЧЕТНАТА СТРАНА НА НАШИОТ ВЕБ ПОРТАЛ. ИСТИТЕ ИНФОРМАЦИИ СТУДЕНТИТЕ И МАГИСТРАНТИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ СЛЕДАТ И ВО ДЕЛОТ (МЕНИТО) "Е-УЧЕЊЕ".
КОНКУРС
Согласно со Одлуката за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата, Народна банка на Р.Македонија објавува КОНКУРС ЗА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ ЗА НАЈДОБАР ТРУД ОД ОБЛАСТА НА МАКРОЕКОНОМИЈАТА.
Краен рок за доставување на трудовите е 01.03.2012 година.
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИ КОМАПАНИИ ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ
По повод православниот празник Св.Никола како патрон и заштитник на општина Свети Николе, во организција на Единицата на локална самоуправа на општина Свети Николе се организираше свечено доделување на признанија за најуспешните компании и институции во општина Свети Николе.
По тој повод ПВУ Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе беше меѓу првонаградените како најуспешна институција која има дадено голем допринес во изминатиот период за развојот на општината и регионот.
ИЗЛОЖБА НА МИХАИЛ ВАСИЛЕВИЧ ЛОМОНОСОВ
По повод чествувањето на православниот празник Св.Никола како патрон на градот Свети Николе, во просториите на ПВУ Меѓународен Славјански Институт "Г.Р.Державин" во Свети Николе, на ден 19.12.2011 година ќе се одржи изложба на Михаил Василевич Ломоносов со почеток од 13:30 часот.
Изложбата е во организација на ПВУ Меѓународен Славјански Институт "Г.Р.Державин" Свети Николе и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. Кон присутните на изложбата ќе се обрати и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Неговата Екселенција Олег Николаевич Шчербак.
ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО ТАМБОВСКИОТ ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ
По повод 15 годишнината од постоењето на Тамбовски Државен Универзитет во градот Тамбов, Руска Федерација, беше поканета и делегација од нашиот институт која престојуваше во Тамбов во периодот од 13 до 17.12.2009 година.
Повеќе Артикли...
Страница 1 од 4










