msi

Регистрација на нашите студенти

Се известуваат сите студенти на Приватната Високообразовна Установа Меѓународен Славјански Институт "Г.Р.Державин" Свети Николе, Р.Македонија дека доколку сакаат бесплатно да користат литература и скрипти од нашата веб страна ќе мора да се регистрираат на нашиот вебсајт (create an account). При тоа мора да ги пополнат следниве информации:

Name: (Го внесувате вашето ИМЕ и ПРЕЗИМЕ)

Корисничко име: (БРОЈОТ НА ИНДЕКСОТ - во следниов формат: пример: XXXXXXX (само броевите од индексот, без растојание и коса црта)

E-mail: (вашата важечка е-маил адреса)

Шифра: (ВАШИОТ МАТИЧЕН БРОЈ - во следниов формат: пример: XXXXXXXXXXXXX (13 броевите, без растојание и коса црта)

Откако ќе се утврди дека барањето за регистрација е ВАЛИДНО - односно дека барателот за регистрирање е студент на МСИ-Москва - регистрацијата ќе му биде активирана.

Напомена: Се замолуваат студентите при нивното барање за регистрација да користат точни податоци - во спротивно нивната регистрација нема да биде прифатена.

Home Актуелно ТРАДИЦИОНАЛНА БОЖИЌНА ЗАБАВА НА СТУДЕНТИТЕ ВО БИТОЛА
ТРАДИЦИОНАЛНА БОЖИЌНА ЗАБАВА НА СТУДЕНТИТЕ ВО БИТОЛА PDF Печати Е-пошта
Среда, 20 Јануари 2010 13:46
На 11.01.2010 во понеделникот со почеток од 20 часот се одржа уште една традиционална божиќна забава на студентите и професорите од Меѓународниот Славјански Институт. Традиционалниот собир на професорите и студентите од овој добро познат универзитет во Битола се одржа во ресторанот Корзо на познатиот битолски Широк Сокак.

Меѓународниот Славјански Институт на просторoт на Република Македонија постои веќе петта година, а одделението во Битола веќе четврта година. Организирањето и одржувањето на забави од овој тип се традиција како за наставниот кадар, така и за самите студенти.

Студентите се задоволни што Славјанскиот универзитет на овој начин успева да развие добропријателски и конструктивен однос на релација професор- студент кој не е присутен само во просториите на универзитетот, туку и надвор од него на собири како Традиционалната божиќна забава.  Секако дека на ваквиот однос студентите одговараат на начин на кој своите морални вредности ги градат на највисоко ниво и прогресивно се развиваат како идни интелектуалци и академски граѓани. За тоа сведочат бројните достигнувања кои студентите ги имаат постигнато во различни области меѓу кои најзастапени се бизнисот, спортот, културата и забавниот живот.

Од бројните постигнувања на студентите со кои се гордее Меѓународниот Славјански Институт оваа година за прв пат од четиригодишното божиќно славење беа доделени четири пофалници за афирмација на Меѓународниот Славјански Институт при активното учество на студентите во следниве области:

  • Спорт – Елена Чакмакоска
  • Спорт – Зорица Спиркоска
  • Невладин сектор – Дарко Конески
  • Културно забавен живот – Крстевски Љупчо

Пофалниците беа доделени после поздравниот говор на раководителот на одделението на Славјанскиот Институт во Битола, Јагода Митревска која обраќајќи им се на студентите им ги честита на истите Новогодишните и божиќните празници, притоа посакувајќи им добро здравје, среќа и успех во годината која следува се заблагодари за масовното присуство на студентите од четирите академски години како и за присуството на професорите кои на тој начин покажаа и докажаа дека се секогаш со студентите во и надвор од високообразовните установи, но не ги изостави и долгогодишните соработници на Славјанскиот универзитет – седмата сила во општеството како што Митревска ги нарече – новинарите. Со своето обраќање беше повикан директорот на Меѓународниот Славјански Институт, Јордан Ѓорчев кој ги поздрави студентите исто им ги честита новогодишните и божиќните празници и ги извести присутните за промените кои се присутни во оваа високообразовна институција со која таа преминува од оваа година во меѓународен корпоративен универзитет со зголемување на бројот на факултети и студиски програми како и со продлабичување на соработката со други универзитети на меѓународно ниво.

После ваквото обраќање директорот Ѓорчев им ги додели пофалниците на заслужните студенти, потенцирајќи притоа дека тоа треба да биде поттик и мотив за нивните колеги да ги продлабочат своите активности во полињата во кои се присутни.

 


mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес110
mod_vvisit_counterВчера711
mod_vvisit_counterОваа недела1521
mod_vvisit_counterОвој месец6035
mod_vvisit_counterВкупно327289