Соопштение за предметот „Политикологија“ Свети Николе
Петок, 10 Септември 2010 14:11

Се известуват студентите, дека испитот по предметот „Политикологија“ што ќе се одржи на 15.09.2010 во 10 часот и кои ќе се јават на испитот треба да одбранат семинарската работа. Одбраната на семинарската работа ќе биде во 12 часот по завршувањето на испитот. Исто така, студентите кои го положиле испитот преку колоквиуми, а не се јавиле на одбрана на семинарската работа или истата не соодвествува со дадените теми, да се јават на истиот датум во дадениот термин

Напомена: студентите кои нема да се јават на одбрана на семинарските ќе добијат -10 со што ќе им се намали оценката(може да не положат), во зависност од освоените бодови од тестот.

Од предметниот наставник                                                                                                                                                                                               м-р. Мики Рунтев 

 
Одделение Битола
Петок, 10 Септември 2010 07:37

Се изветсуваат студентите на ПВУ МСИ одделение Битола дека внесувањето на оценките по предметите ПСИХОЛОГИЈА НА УПРАВУВАЊЕ и ОСНОВИ НА ПСИХОАНАЛИЗАТА, ќе се врши на ден 15.09.2010 година по одржување на испитите.

од предметниот наставник

 
ВТОРИОТ УПИСЕН РОК Е ВО ТЕК !!!
Среда, 01 Септември 2010 15:09
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ ВО ОДДЕЛЕНИЈАТА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ И БИТОЛА СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 08:00 ДО 16:00 ЧАСОТ И САБОТА ОД 08:30 ДО 14:00 ЧАСОТ.

 
Одделение Битола
Вторник, 31 Август 2010 12:02

Се известуваат студентите на ПВУ МСИ одделение Битола дека на ден 10.09.2010 година - петок, во 9:30 часот, ќе се врши внесување на оценки по предметот ИЗБОР И РАЗВОЈ НА КАРИЕРА, од м-р Ѓоргина Кимова, додека во 10 часот студентите кои се на дополнителни консултации ќе можат да ги изложат своите семинарски работи.

од предметниот наставник.

 

 
Одделение Свети Николе
Петок, 10 Септември 2010 07:49

Се известуваат студентите кои го положиле испитот ДАНОЧЕН СИСТЕМ, кај Ирина Поцкова во јунска или септемвриска испитна сесија, а немаат земено оценка, тоа можат да го сторат на 11.09.2010 година од 10 -11 часот во просториите на МСИ Свети Николе.

од предметниот наставник

 

 
Одделение Свети Николе
Четврток, 02 Септември 2010 08:45

Се известуваат апсолвентите од одделение Свети Николе кои ќе бранат дипломска работа во септември 2010 година, дека на ден 13.09.2010 година во 12 часот, ќе се одржи предавање/семинар на тема: "ПРЕЗЕНТИРАЊЕ И ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА". Се препорачува присуство на сите апсолвенти.

м-р Дејан Наковски

 
Известување
Среда, 01 Септември 2010 10:01

Се известуваат студентите на ПВУ МСИ дека д-р Евица Делова Јолевска ќе врши внесување на оценките во индекс на студентите кои ги имаат положено предметите ИНВЕСТИЦИИ и ФИНАНСИИ, и тоа во следниве термини: на 11.09.2010 год. во одделение Битола (веднаш по одржување на испитот од 12 часот),  и на  25.09.2010 год. во одделение Свети Николе (веднаш по одржување на испитот од 12 часот).

од предметниот наставник.

 
Одделение Битола
Понеделник, 30 Август 2010 12:24

Им се соопштува на студентите од МСИ на насоката Менаџмент на организација и Финансии и кредит од I година, одделение Битола дека испитот по предметот СОЦИОЛОГИЈА закажан за 09.09.2010 година се презакажува на 10.09.2010 година во 10 часот.

од предметниот наставник.                                                         

 

 


Страница 1 од 3