| Информации за упис |
|
|
|
| Среда, 07 Јули 2004 12:54 |
|
Врз основа на член 108 и член 110 од Законот за високото образование на Р.Македонија (сл.весник 35/2008) и Статутот на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе, Република Македонија, Управниот одбор на ден 01.04.2010 година донесе одлука за упис на студенти во учебната 2010/2011 година и го објавува следниот
КОНКУРСза запишување на прв циклус на студии на студиските програми во учебната 2010/2011 година на
1. Општа психологија
на одделенијата во Свети Николе и Битола.
1.Број на студентиНа Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години (осум семестри) во учебната 2010/2011 година ќе се запишат 150 редовни и 150 вонредни студенти. На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2010/2011 година ќе се запишат 50 редовни и 50 вонредни студенти.
2.Услови и критериуми за уписНа студиската програма можат да се запишат лица кои го исполниле условот согласно член 108 од Законот за високото образование на РМ (Сл.Весник 35/2008) односно лица кои имаат завршено четиригодишно средно образование со положена државна, училишна или меѓународна матура. Ако на конкурсот за запишување на студенти на прв циклус на студии во првиот уписен рок не се јави доволен број кандидати кои ги исполнуваат условите, право на упис на прв циклус студии во вториот уписен рок можат да имаат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење. Критериум за селекција и избор на кандидатите ќе биде просечниот постигнат успех во средното училиште. Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и дипломирани лица. На студиската програма може да се запише и лице кое стекнало средно образование во друга држава и странски државјанин, доколку Министерството за образование и наука на РМ му ја нострифицира добиената диплома. Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1000 евра (за една академска година) во денарска противвредност сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. Студентите партиципацијата ја уплаќаат во готово или на две односно, четири рати во текот на академската година. Студентите кои ќе ја уплатат партиципацијата за академската година во готово добиваат 10 % попуст. Студирањето за два или повеќе членови од исто семејство е со повластена цена односно и двете или повеќето лица добиваат попуст од 20 %. Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
3.Рокови за пријавување и запишувањеПрвиот уписен рок трае од 01.06.2010 година до 25.08.2010 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2010 година. Вториот уписен рок трае од 01.09.2010 година до 14.09.2010 година. Доколку во првиот уписен рок не се пополнат сите предвидени места, во вториот уписен рок можат да се запишат и кандидатите со положена училишна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 15.09.2010 година.
4.Потребни документи за запишувањеПри пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебнта 2010/2011 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи: 1. Диплома за завршено средно образование и доказ за положена државна, училишна или меѓународна матура; 2. Свидетелства од сите години; 3. Извод од матична книга на родените; 4. Државјанство; 5. Фотокопија од лична карта; 6. 4 мали слики во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе Република Македонија во Свети Николе на ул.Маршал Тито бр.77 и Битола на ул.Новачки пат б.б. За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/238-077, 047/222-503 или на електронскатa пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . |


