|
|
|
Врз основа на член 108 од Законот за Високото образование на Р.Македонија (Службен весник бр.35/2008) и Статутот на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе распишува КОНКУРС ЗА УПИСна редовни и вонредни студенти во прва година на додипломски студии за учебната 2009/2010 година БРОЈ НА СТУДЕНТИПриватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе ќе запише во: СВЕТИ НИКОЛЕ
БИТОЛА
УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА УПИСПраво на запишување во прв уписен рок имаат кандидатите со завршено четири годишно (гимназиско или било кој вид на стручно) образование со положена државна или меѓународна матура; Доколку во првиот уписен рок не се јави доволен број на студенти во вториот уписен рок може да се запишат и студенти кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образовaние со четиригодишно траење; Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети во земјата или странство, како и дипломирани лица; При запишувањето студентите треба да се одлучат за начинот на студирање односно за редовни или вонредни студии; ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕПрв уписен рок:
Втор уписен рок
Списокот на примените студенти ќе се објави на нашиот вебсајт (www.slavinst.edu.mk) на 05.07.2009 година за првиот уписен рок и на 29.09.2009 година за вториот уписен рок. Со пријавувањето кандидатите уплатуваат на жиро сметка 30 евра во денарска противвредност и првата рата од партиципацијата. Студентите се стекнуваат со статус на студент по уплатата на трошоците за упис и првата рата од партиципацијата и потпишувањето на договорот за студирање помеѓу студентот и установата од кој договор произлегуваат правата и обврските на двете странки.
Партиципација
Партиципацијата за една студентска година изнесува 1000 евра, со можност за плаќање на четири еднакви рати во текот на учебната година.
Документи за упис
Документите да се достават лично во просториите на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” - Свети Николе во Свети Николе или Битола. |
| LAST_UPDATED2 |




