msi

Регистрација на нашите студенти

Се известуваат сите студенти на МСИ-Москва Филијала Македонија дека доколку сакаат бесплатно да користат литература и скрипти од нашата вебстрана ќе мора да се регистрираат на нашиот вебсајт (create an account). При тоа мора да ги пополнат следниве информации:

Name: (Го внесувате вашето ИМЕ и ПРЕЗИМЕ)

Корисничко име: (БРОЈОТ НА ИНДЕКСОТ - во следниов формат: пример: XXXXXXX (само 7 броевите од индексот, без растојание и коса црта)

E-mail: (вашата важечка е-маил адреса)

Шифра: (ВАШИОТ МАТИЧЕН БРОЈ - во следниов формат: пример: XXXXXXXXXXXXX (13 броевите, без растојание и коса црта)

Откако ќе се утврди дека барањето за регистрација е ВАЛИДНО - односно дека барателот за регистрирање е студент на МСИ-Москва - регистрацијата ќе му биде активирана.

Напомена: Се замолуваат студентите при нивното барање за регистрација да користат точни податоци - во спротивно нивната регистрација нема да биде прифатена. Општиот акаунт со кој досега се логираат студентите ( student / student ) - ЌЕ ВАЖИ ДО 01.02.2009 година.

 
Упис на нова учебна година
Се известуваат сите студети на МСИ-Москва Филијала Македонија дека во периодот од 01.09.2008 до 07.09.2008 година ќе се врши упис на новата учебна 2008-2009 година. Студентите се должни при пријавувањето со себе да понесат индекс и уплатници за уплатена уписнина и прва рата од партиципацијата за новата учебна година. Студентите кои ќе ја немаат уплатено уписнината и првата рата од партиципацијата немаат право на упис на новата учебна година.
 
Уписи 2008/09
Уписите на МСИ-Москва Филијала Македонија се во тек! Матуранти - аплицирајте на нашиот Институт. Информации на: 032 440 330 - Одделение Свети Николе, или на 047 238 708 - Одделение Битола, или по е-маил.
 
ДОБРЕДОЈДОВТЕ!
ДОБРЕДОЈДОВТЕ на сајтот на МСИ-Москва Филијала Македонија, со Одделението во Свети Николе (централа) и Одделението во Битола. Матуранти ве очекуваме!
 
Home
Финансии на организација-втор колоквиум
Четврток, 08 Јануари 2009 07:23

Се известуваат студентите од IV година Менаџмент на организација - одделение Свети Николе, дека на 09.01.2009 година - петок во 11 часот ќе се одржи вториот колоквиум по предметот Финансии на организација кај м-р Ш.Ивановска.

 
Заверка на зимски семестар
Вторник, 23 Декември 2008 16:52

Се известуваат сите студенти на МСИ дека во периодот од 12.01.2009 год. до 18.01.2009 год. ќе се врши заверка на зимскиот семестар. При заверката на семестарот студентите се должни да понесат индекс и уплатници за уплатена прва и втора рата за студентската 2008/2009 година. Студентите кои ги немаат уплатено двете рати од партиципацијата ќе немаат право да го заверат семестарот и ќе немаат право на пријавување и полагање на испитите во февруарската испитна сесија. Воедно во истиот период студентите ќе можат да ги пријават испитите за полагање во февруарската испитна сесија. Термините за полагање ќе бидат истакнати на 25.01.2009 година.

 
Уплата на 2 рата од партиципација
Четврток, 11 Декември 2008 08:27

Се известуваат сите студенти на МСИ-Москва Филијала Македонија дека е во тек уплатата на втората рата од партиципацијата. Краен рок за уплата е 20 декември 2008 година.

 
Хуманитарна акција “Од децата за децата”
Среда, 24 Декември 2008 07:57

На ден 22.12.2008 (понеделник) во просториите на Меѓународниот Славјански Институт во Битола со почеток од 12 часот беше реализирана хуманитарната акција насловена “Од децата за децата”.

Целта на акцијата беше содржана во самиот наслов на истата, бидејќи во акцијата беа вклучени децата од основните училишта во Битола, Прилеп и Ресен.

Повеќе...
 
Психологија - одложени предавања од М.Давчева
Среда, 24 Декември 2008 10:52

Предавањата за IV година Психологија, одделение Свети Николе кај Мимоза Давчева - закажани за на 14.01.2009 година - се одложуваат за на 21.01.2008 година.

Од предметниот професор.

 
Среќни Новогодишни и Божиќни празници
Петок, 19 Декември 2008 08:36

alt

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Лист 1 од 3

Учимся говорить по-русски
Програма за далечинско (дистанционо) учење на рускиот јазик, можете да ја погледнете на овој линк.

Наскоро !!!

студентите на нашиот институт ќе имаат можност преку нашата веб страна да превземаат аудио соопштенија во врска со предавањата и испитите на нашиот институт од Радио Свети Николе - Студентско Радио, како и истото да го слушаат во real time.

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес203
mod_vvisit_counterВчера419
mod_vvisit_counterОваа недела1369
mod_vvisit_counterОвој месец2736
mod_vvisit_counterВкупно36214
Има 35 гости и 1 член присутни

Македонски радија